Скопјанец во паника: Непознато лице пукало во неговиот џип


Скопјанец во паника, некој пукал во неговиот автомобил, за среќа нема повредени. Според информациите на МВР, вчера околу 23:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Б.А. (41) од Скопје пријавил дека додека бил во неговиот дом слушнал два истрели.

Кога излегол надвор забележал дека на неговото возило „Џип“ со скопски регистерски таблици било скршено задното ветробранско стакло. Повредени лица нема. Пронајдени биле два фрагменти од проектил.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1