Дваесет и четири годишен скопјанец доби кривична пријава од страна на СВР Скопје, поради сторено дело „изнуда“.
Пријавениот К.Б.(24) во август 2014 година започнал љубовна врска со 18-годишна студентка од Гевгелија која била сместена во студентски дом во Скопје, по што со закани по нејзиниот живот почнал да изнудува парични средства.
На 10.10.2014 година случајот го пријавила во полиција и се договорила со пријавениот да се најдат кај студентскиот дом „Пелагонија“ и во моментот кога ги зел парите, од страна на полициски службеници истиот е лишен од слобода.
Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.