Во средата претпладне во скопската Управа за јавни приходи се случил инцидент. Изнервиран граѓанин влегол во канцеларијата за достава на првиот кат и почнал да се расправа со вработените, оти, според него, му била направена неправда, пишува Либертас
Во еден момент излегол од контрола и од бироата го зел едниот компјутер го фрлил низ прозор, го зел и другиот, па го фрлил и него. Вработените се стаписале, не му се спротивставиле, но викнале полиција.
– Беше и смешно и тажно, висеа гајтани од прозорецот, а компјутерите беа паднати долу – вели нашиот извор.
Многу често, според него, граѓаните незадоволството и револтот го истресувале врз вработените, но ова било прв пат некој да им ги фрли комјутерите.
Најголеми проблеми граѓаните имале околу присилната наплата на радиодифузна такса, и тоа директно без опомена им се земале пари од сметките. Имало случаи и да им се земат пари за радиодифузна такса и за месеци кои им се платени. Вработените најчесто ги советувале да не се жалат за да не плаќаат и таксении марки туку да ги скокнат наредните месеци и така да се израмнат.
Наводно, раководители од УЈП издале усна наредба да се одзема од сметките за радиодифузната такса без опомена за да не се губи време иако е тоа незаконски.