Скопјанецот Б.С. (66) загина откако го запалил станот во кој живеел во скопската населба Kолонија, во близина на Идризово, а потоа се скрил во кадата од тоалетот надевајќи се дека ќе се спаси, но се задушил од густиот чад. Пред да избувне пожарот, вчераутро, во станот била и неговата сопруга, но таа се спасила и не е повредена.
Пожарот зафатил неколку стана, но никој друг не бил повреден од огнената стихија. Неофицијално, сопственикот, кој загинал, сам си го запалил станот бидејќи имал психички проблеми и долго се лекувал.
Според информациите, огнената стихија избувнала во 7.45 часот, во станот на жртвата, а зафатени биле 100 квадратни метри од станбената зграда и покривот.