По неколку години пауза и лизгање на пластични панели, љубителите на лизгалки од денес можат да лизгаат на вистински мраз во спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој на своите посетители им понуди лизгалиште со вистински мраз, кое е достапно за сите.
Започна зимската сезона каде на лизгалиштето се имплементираат различни програми како рекреативно лизгање, тренинзи по хокеј и тренинзи по уметничко лизгање.
Лизгалиштето за рекреативно лизгање ќе биде достапно од понеделник до петок од 11 до 14 и од 19 до 23 часот. Во сабота и недела тоа ќе работи од 12 до 24 часот, а цената на билетот ќе чини 120 денари со вклучени лизгалки, а лизгалиштето ќе биде отворено и достапно 7 дена во неделата, од 18 ноември до 15 април.
Тренинзите по хокеј и уметничко лизгање продолжуваат и оваа година со странските тренери, тие веќе се започнати со кондициони тренинзи за хокеарите, додека пак на девојчињата им се презентира балет како дополнителна вежба во клубот за уметничко лизгање.