Скопјани контра провинцијалци – Војна на Фејсбук за една јакна


Се започна со статусот на Darko Lesoski а потоа лавина од реакции, коментари.. едни го фалат други по него со дрва и камења.. ви го пренесуваме неговиот статус како и дел од реакциите на јавни личности од Македонија

darko lesoskiЈакна ми украдовте, мастика (бубле гуме по вашки) ми залепивте на омилените фармерки и тоа од позади на џеб – ваљда сте ме џапнале за газ…. ГРАДОТ ВИ ГО КРЕПИМЕ БЕ … ГРАДОТ БЕ СКОПСKИ ДА МУ СЕ М*ЧАМ – ПОВЕЌЕ ОД ВАС ГО САКАМЕ БЕ… СЕЉАЧИШТА! ДЕГЕНИ… ВАШИТЕ КАФАНИ ОД НАШИ ПАРИ ЖИВЕАТ БЕ МОРОНИ! НА БОБИ ПРСТЕНОТ МУ ГО СНЕМА НА KРАЈ ! ДО ТАМУ ЛИ Е БЕ?! МНОГУ БЕШЕ ЕФТИН ПРСТЕНОТ…АМА ПА И МНОГУ МУ ЗНАЧИ!
Да, Скопје е град…ама и ЊУЈОРК Е БЕ МАМИЦАТА… НЕ СЕ СЕ ЗАНЕСУВАЈТЕ!
ОПРАЈТЕ СЕ!
ШУПАЦИ!
ШУПАЦИ !
МАМАТА ЌЕ СИ Е**ТЕ, МАМАТА ЌЕ СИ Е**ТЕ ОД ТОА КУРЧЕЊЕ ВАШЕ СЕЉАЧКО… ОПРАЈТЕ СЕ…. ЗА АРНО СМЕ ДОЈДЕНИ … КОЈ ОД ВЕВЧАНИ… КОЈ ОД ОХРИД !
ФЕЈСБУК Е ФИКТИВНА РАБОТА – НИШТО НЕ ЗНАЧИ!
ОСТАНЕТЕ СИ ФРАЕРИ !
WE COME IN PEACE!

НИКОЈ НИКОМУ ЛОШО НЕ МИСЛИ! АМИН!

На ова одговор на сајтото урбанкулт кој напиша

Ти си гостин во Скопје, тоа и ќе бидеш секогаш!

Не другарче, ова не е текст да ги ругам тие што дошле да ја бараат среќата и кариерата во овој град, не е да праам разлика помеѓу вевчанец и скопјанец, помеѓу нива и асфалт…ова е став да знаеш како да преживееш во овој град – еден мал прирачник за преживување во оваа џунгла наречена Скопје. Замисли дека седиме во Рори, боцкаме шопска и мааме ракија, јас тебе сум те ислушал, сега редот е на мене да ти кажам нешто…
skopje te[ki opinci te gazatОдамна не сум чул толку глупсоти – бркај работа! Ова не е село, ова е Скопје, ова е Карпош 2, ова е Топаана и Маџирмаало…Скопје навечер е многу убаво место за прошетка и не заболе за тебе што не ги сакаш МОРОНИТЕ што живеат во него! Ти не си растел со мелодијата „Скопје радос ти ќе бидеш“, дека не си можел, дека дедовците не научија на неа, стара е, уште пред ТИ да дојдеш! Да си растен на Фонтана, Сепариња, Коцка, Млин, ќе знаеше – ама НЕ СИ…Ова не е ново време, не се нови вредности – ова е и секогаш ќе биде СКОПЈЕ! Полно со морони и шупаци, актери и пеачи, фраери и сељаци, воспитани и маалски бараби, професори и академци, дебармаалци и центарци…
Те прифаќаме како човек што придонесуваш за овој град, твориш, примамуваш насмевки на лицата кај девојките, едноставно ги правиш луѓето среќни, но кога ќе не боцнеш на раната што боли, на раната каде што кога ќе се изнервираме како Брус Ли кога ќе му пуштат крв од уста…е тогаш брат си го наебал. Те чекаа многу на ова, те чекаа како почетничка грешка…Кој си ти бе  мангуп да ми го вреѓаш мојот дом? Кој си ти бе пријателе да плукаш врз градот кој ти дава плата, кој те храни, кој те прифати како свој? Ти бе боемиште мислиш дека кафаните живеат од тебе…Дебар маало живеело генерации пред тебе и ќе живее без тебе, дека ти си само една обична крпа која ќе биде закачена на контејнер и ќе ја земат циганите…
Да ти кажам сеа една поука цитирана: „Градот убав…“ стана симбол на Скопје после земјотресот ’63-та. Тоа е химна на надеж, истрајност и нов почеток! Ако ти мислиш дека можеш да плукаш и да го ругаш тоа што е градено со години – гадно си се заебал! Ако сварно го сакаш градот како што кажуваш – докажи и поправи тивко, а не туку пишувај и исправувај криви дрини!
„Преќути – последна шанса…“ – така би изреагирал прав скопјанец, а не да ти се лигават дека не сме такви…
На својот фејсбук профил покрај многумина се огласи и Igor Filevski

Бидејќи вечерва прочитав многу чудноплукачки и страшнолоши муабети на македонската ФБ мрежа, мислам дека утре ќе биде нов ден кој веројатно ќе им го посветам на сите мои “сограѓани”. Имено, од утре одам да си го променам жителството. Иако сум роден пред 45 години во Скопје и иако растев со се’ она што го носеа иконите и манирите на Градот Убав, мислам дека е момент да го сменам жителството. Тамам ќе има повеќе место за тие кои два дена заглавија со јакната :))) мене ова ќе ми е интересен проект, баш да видам како ќе е :))) чисто информативно, ми го украдоа новчаникот со мноооогу пари кои беа наменети за плаќање кирија и сите документи во Барселона, па не го исплукав градот. Напротив се населив таму и го сакам секојдневно повеќе и повеќе. А и таму сум провинцијалец ко детево со јакната. Но, не со тие манири, ко неговите. И потоа веројатно ќе бидам пак провинцијалец и на следната дестинација, во Стокхолм. И ќе си се вратам во мојот роден град и во мојот новожителски “документиран” град. Значи, во прашање е состојба на умот. Но, но… (единствено што сметам дека се заеба малиов, што не почека да пројде 23 април… Зш ова не е баш она од типот, лош ПР е на крај пак ПР. Тука пресметките се малку поразлични). Ајде од утре нов циклус, аирлија нека е. Којзнае дали е ОК и ова јавно но мислам дека досега ова никој не го направил, па нека остане забележано, ако не за друго. Во наредниве 100 години ќе видиме дали потегов ми е добар или не. А родниот ми град? Да, него никој не може да ми го одземе. Ниту името негово ниту просторот на мојот роден град, Градот Убав, најубав за мене па макар и вака населен ко сега. (сограѓани, само немојте да паѓате толку ниско па да ги расплукувате сите вевчанци.

Реакциите не стивуваат се уште, а според последните закани Лешоски кој ја предизвика оваа лавина добивал и закани преку фејс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1