Под мотото „Не се дише“ скопјани денеска протестираат против аерозагадувањето. Тие бараат надлежните да преземат конкретни мерки со кои би се решил проблемот.
Протестот го организира заедница на еко-активисти „Скопје смог аларм“ и граѓанската иницијатива „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош 4“.
„Граѓаните на Скопје и Македонија денес пред град Скопје единствено ќе се борат за чист воздух. Денешниот настан е граѓанска иницијатива која се оградува од секакво политичко влијание. Почитувани истомисленици, за време на настанот ве замолуваме за достоинствено, мирно присуство чија цел е пренесување на пораката дека не прифаќаме и не се помируваме да дишеме загаден, канцероген воздух како и покренување на свесноста на граѓаните за степенот на штетност на загадениот воздух“, велат од „Скопје смог аларм“.