Скопјани протестираат против аерозагадувањето


Под мотото „Не се дише“ скопјани денеска протестираат против аерозагадувањето. Тие бараат надлежните да преземат конкретни мерки со кои би се решил проблемот.zagaduvanje protest

Протестот го организира заедница на еко-активисти „Скопје смог аларм“ и граѓанската иницијатива „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош 4“.

„Граѓаните на Скопје и Македонија денес пред град Скопје единствено ќе се борат за чист воздух. Денешниот настан е граѓанска иницијатива која се оградува од секакво политичко влијание. Почитувани истомисленици, за време на настанот ве замолуваме за достоинствено, мирно присуство чија цел е пренесување на пораката дека не прифаќаме и не се помируваме да дишеме загаден, канцероген воздух како и покренување на свесноста на граѓаните за степенот на штетност на загадениот воздух“, велат од „Скопје смог аларм“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1