Скопјани уште денеска со парно – освен ако не се врати зимата


Скопјани, најверојатно, уште денеска ќе се топлат на централно греење, бидејќи со правилата за снабдување со топлинска енергија грејната сезона трае до 15 април. Таа почна на 15 октомври лани.parno

Правилата на снабдување со топлинска енергија предвидуваат и можност парно да има и до 30 април, но под услов надворешните температури да бидат пониски од 12 степени, односно, доколку во три последователни денови во периодот од 13 април до 29 април, надворешната температура во 21 часот е 12 степени или пониска, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од компаниите кои го снабдуваат Скопје со топлинска енергија велат дека доколку времето залади, повторно ќе продолжат да топлат. Најверојатно ќе испорачуваat топлина и во наредните неколку денови, бидејќи во 21 часот надворешните температури деновиве се под 12 степени. Во моментот кога три последователни денови температурата во 21 часот ќе биде повисока од 12 степени , ќе запре со испорака на топлина.Меѓутоа во овој период главно ќе се затоплува во раните утрински часови и попладне кога температурите се пониски – појаснуваат од ЕЛЕМ Енергетика.

PlusInfo.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1