Скопјани за 50 евра тестираат хемикалии врз себе


Пензионерка од Скопје со години врз себе го тестира дејството на козметички препарати, со што го дополнува домашниот буџет. Забраната во ЕУ за продажба на козметика тестирана врз животни ќе ја зголеми побарувачката за вакви лица

550px-Make-a-Whip-Cream-Facial-Cream-Step-5Педесет евра надомест за триесет дена тестирање козметички препарат – вака ја почнува приказната за Дневник пензионерката Снежана Томшиќ, која веќе неколку години со тестирање познати марки козметички препарати го дополнува домашниот буџет. Во тестирањето ги вклучила и своите деца, кои за истиот период добивале само по 1.000 денари.

– Најчесто се испитуваат кремови за лице, бои за коса, лосиони, но и шампони. По пријавувањето одиме на детален лекарски преглед и откако фирмата ќе утврди дека кандидатот е здрав и одговара за потребите, почнува тестирањето. Обично носиме лепенки на грбот со препаратот што се испитува, кои се менуваат на секои два дена. Триесеттиот ден ги добиваш парите – вели Томшиќ.

Според неа, се работи за лесно заработени пари и токму поради тоа тестирањето козметички производи е многу привлечно и за младите што немаат работа. Досега немала здравствени проблеми предизвикани од тестирањето и вели дека ќе работи с` додека ја бараат.

Снежана е само една од многуте жени на чија кожа се докажува влијанието на производи од козметиката. Се очекува бројот на доброволците за слични тестирања да сстане уште поголем бидејќи Европската комисија од неодамна во земјите на ЕУ ја забрани продажбата на производи тестирани на животни.
12animal.1.span
– Во земјава ниедна од фирмите што произведува козметика не користи животни за да докаже дека некој производ е безбеден. Kај нас употребата на животни за научни цели е регулирана со Законот за благосостојбата на животните. Засега само две лаборатории поднесле барање за регистрација согласно одредбите на овој закон, со кој детаљно е утврдено како и каде се чуваат животните за експериментални цели и што смее, а што не да се прави со нив – вели Абдулезел Догани, заменик-директор на Агенцијата за храна.

12985875-girlfriends-buying-and-testing-cosmetics-in-a-beauty-storeОд домашните фирми што се занимаваат со производство на козметички препарати и средства за лична хигиена не сакаа да зборуваат како докажуваат дека некој нивен производ е безбеден. Но, децидни се дека не користат животни.

– Ние извезуваме во Словенија, која е членка на ЕУ. Kако компанија дефинитивно сме против измачување на животните и нивно користење во испитувања за да се докаже дали некој производ е безбеден – велат во „Алкалоид“.

Од минатиот месец во земјите на ЕУ повеќе не се продаваат производи што се тестирани врз животни, откако во сила стапи седмиот амандман од директивата за козметика. Одлуката е резултат на дводецениската борба на многу здруженија и организации, предводени од Европската коалиција за прекин на експерименти врз животните и нивната кампања „Стоп за суровата козметика“. И Македонија беше вклучена во оваа кампања, преку петиции што ги организира организацијата за заштита на правата на животните „Анима мунди“.

Подетално на – Дневник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1