На 10.05.2018 година во Полициската станица Карпош В.Г. (58) од Скопје пријавила дека во мај 2017 година во два наврата била измамена од К.Ј. од Скопје, при што била оштетена за 86.000 денари.
Според соопштението на МВР, К.Ј. ја сторил првата измама при набавка на лек за лекување на канцер. Тој и побарал на пријавителката 400 евра и ги добил тие пари за лекот. Го набавил лекот, но В.Г. се сомнева дека лекот бил од сомнително потекло.
По тоа К.Ј. во разговор со В.Г. дознал дека на неа не и бил решен статусот за пензија и ја убедил да му даде илјада евра, за да може во најкраток рок да и го реши проблемот.
Како што соопшти денес МВР, од тогаш до денес пријавителката неколку пати стапувала во контакт со К.Ј. и тој и велел дека требало да помине одреден временски период за целосно завршување на работата. Давал и други изговори дека бил многу зафатен, по што К.Ј. заклучила оти е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.