Скопјанка од свадбарско оро однесена директ во болница – еве што и направиле чевлите


Изненадување доживеал дежурниот медицински персонал во ГОБ “8-ми септември” откако половина сватови директно од свадба дошле во амбулантата на преглед, дознава Zdravstvo24 од извори во болницата.

nogaПовредена била гостинка на свадба во скопски ресторан. Останатите само и правеле друштво. Од долгото играње на орото тесните штикли на сваќата и направиле хематом на палецот на ногата. Не можела да оди. Иако проблемот на пациентката не бил сериозен таа сепак со останатите околу 20-тина сватови останале да чекаат на ред за преглед во истата чекална со други тешко болни.

По шокот од првата глетка на многу луѓе од свадба во чекалната, дежурните во болницата откако дознале што е проблемот и го прегледале и преврзале прстот на ногата и ја советувале девојката повеќе да не носи тесни чевли. Вакви несекојдневни интервенции често им прават проблем на лекарите во дежурните служби.

Од болницата за Zdravstvo24 велат дека постојано во доцните вечерни часови се случувало во дежурната служба да доаѓаат граѓани само да си го проверат притисокот или да поразговараат со лекар по што веднаш “оздравувале”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1