Жена на возраст од 47 години почина во Скопје како последица од топлото време и високите температури. Од Скопската Брза помош информираат дека жената заедно со своја колешка, од климатизирана просторија излегла да повика такси, па додека чекала неочекувано и се слошило, по што починала на лице место.
Според зборовите на дежурниот лекар, состојбата на жената се вошила поради наглата промена од ладно кон топло, а нејзиното семејство вели дека дотогаш немала никакви здравствени проблеми.
Настанот се случил на улица во близина на објектот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во непосредна близина на Судот за прекршоци и Градскиот парк.
Денеска имало уште два случаи на колабирање и две сообраќајни несреќи предизвикани поради намалување на концентрацијата на возачите, поради горештините.