Скопјанка продавала дрога на забави – фатена е


СВР Скопје поднесе кривична пријава против 24-годишната скопјанка И.В. која се сомничи за препродавање на синтетички дроги. При претрес полицијата кај И.В. пронашла поголем број таблети екстази, амфетамин и дрога позната како „трип“. Надлежен судија и одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

I.V-diler-droga-17.06.2014Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе кривична пријава против И.В. (24) од Скопје, поради основано сомневање дека сторила кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Единицата, по добиеното сознание дека И.В., која во 2012 година била условно осудена за недозволена трговија со марихуана, набавува и продава синтетички дроги на подрачјето на градот, презела соодветни мерки и активности за обезбедување на материјални докази. Притоа додјде до оперативен податок дека пријавената во текот на минатиот месец, од засега непознато лице набавила поголема количина на синтетички дроги, кои ги препакувала за улична продажба и на однапред договорени места, како и на техно забави низ градот ги продавала на зависници, соопшти денеска МВР.

Постапувајќи по добиените сознанија, како и по ОА „Мрежа“, а во консултација со судија од претходна постапка, на крајот од минатата недела Единицата за недозволена трговија со дрога презела оперативни мерки и активности на Градската плажа каде се одржувала техно забава. Притоа пријавената била забележана на забавата и и е направен личен претрес. Кај неа полицијата пронашла 118 таблети ексатази со лого „супермен“ и „мерцедес“, три полиетеленски паковки (1,8 грама) амфетамин  и девет картонски парченца 25И-НБОМе – синтетичка дрога, која кај зависниците позната како „трип“ – дрога која е со изразено халуцигено дејство и се наоѓа на листата 1 на контролирани психотропни суптанци.

И.В. е лишена од слобода, а запленетата синтетичката дрога е предадена за вештачење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1