Скопје е втор најевтин град во Европа


Истражувањето на Cost of Living Index Numbeo за 2014 ги рангира најефтините градови во Европа.

Според листата, Скопје го завзема второто место најефтин град во Европа.

Десетте најефтини големи градови во Европа се:

Skopje-plostad-300x30010 . Варшава, Полска – Храната е многу евтина, како и цигарите и алкохолот. Кутија цигари е 4,50 долари, што за западните стандарди е ужасно ниско. Изнајмувањето на стан во центарот чини во просек 488 долари. Тоа е универзитетски град со околу 270 000 студенти. Градот има многу историски и културни знаменитости. Невработеноста е висока – 13,3 %, што значи дека околу 2 милиони Полјаци немаат работа.

9 . Прага, Чешка – Прага е историската престолнина на Бохемија. Тука има 10 големи музеи, различни театри, галерии, кина и историски знаменитости, кои може да ги видите. Еднособен стан чини во просек 617 долари, а во предградијата цените паѓаат до 440 долари. Ручекот во ресторан чини околу 5 долари, локалното пиво е 75 центи.

8 . Сараево, Босна и Херцеговина Ниската цената на имотите се многу атрактивни – просечната цена на еднособен стан е 320 долари месечно во центарот и 185 долари во далечните населби. Градот е туристичка дестинација. Невработеноста е 15%.

7 . Букурешт, Романија Букурешт е главен град на Романија од 1862 година. Тоа е 6 – иот најголем град во Европа по население, и отстапува само на Париз, Лондон, Берлин, Мадрид и Рим. Во центарот на градот еднособен стан чини 440 долари месечно. Во ресторан средна класа вечера чини 6 долари. Карта за градскиот транспорт за месец чини 15 долари. Невработеноста е релативно ниска – 7,3%. Просечната плата на луѓето е 400 долари.

6 . Тирана, Албанија Просечното изнајмување во централните делови е 380 долари за стан со една спална. Месечната карта за градски превоз чини само 14 долари. Ручек во ресторан чини околу 7 долари. Тирана е од малите метрополи – населението има едвај 421 286 лица. Таа е опкружена со ридови и планини на исток, и нејзините граѓани можат да уживаат во убавата природа. Во градот има четири вештачки езера.

5 . Минск, Белорусија Во Белоруската престолнина живеат над 2 милиони луѓе. Киријата за еднособен стан во центарот е 380 долари. Кутија цигари чини 2.71 долари. Во градот има многу музеи, кина и библиотеки. Единствениот минус е дека времето е доста студено. Во летото е 18 степени, а Целзиусови, а просечната температура за јануари е -4.5 степени.

4 . Софија, Бугарија Киријата на еднособен стан во центарот на градот е 380 долари, наведуваат од Numbeo. Во градот живеат 1 241 369 лица. Околу Софија има планини за прекрасни излети за време на викендот. Шише вино чини 5 долари, а едно пиво чини еден долар. Просечната плата е 603 долари месечно.

3 . Киев, Украина Во моментов Киев не е добро место за релокација. Не е изненадување дека украинската престолнина е на третото место во рангирањето. Изнајмување на еднособен стан е 330 долари. Платите се ниски – во просек 478 долари месечно, но и цените не се високи.

2 . Скопје, Македонија Ручек / вечера во ресторан чинат во просек 4,50 долари. Изнајмување на еднособен стан излегува околу 325 долари месечно во центарот на градот, според Numbeo.

1 . Кишињев, Молдавија Главниот град на Молдавија е најевтиниот град во Европа. Киријата на еднособен стан во центарот чини 265 долари месечно, а во другите населби дури 165 долари. Вечера за двајца во ресторан чини 22 долари. Населението брои 800 600 лица. Тука има многу студенти и 33 универзитети! За учење тука, ќе ве чини околу 81 % помалку отколку ако учите во Париз.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1