Скопје ќе добие боемска улица


Улицата Ѓорѓи Пешков, која е во фаза на реконструкција и треба да стане боемска улица, се очекува да биде завршена до средината на јули, информираат од Општина Центар, пренесува порталот Скопје Инфо.

kafanaВо наредните две недели, на местото на исечените стари дрвја, ќе бидат засадени 20 платани високи до 6 метри, со развиено стебло и крошна. На улицата веќе се наѕира платото на кое ќе биде поставена урбана опрема и канделабри.

За реконструкција, партерно уредување и осветлувањето на „Ѓорѓи Пешков“ е задолжена фирмата „Изградба-комерц“ од Скопје, а Општината за изведбата ќе плати 457 илјади евра.

Улицата и тротоарите ќе се украсат со коцки од природен камен во неколку бои и димензии. Kако што велат општинските власти, ова е само почеток на реализацијата на идејата на градоначалникот Андреј Жерновски, во Дебар Маало да се врати стариот боемски сјај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1