Скопје ќе добие „женско такси“


Скопје може да добие „женско такси“ ако се реализира идејата што се јавила меѓу вработените во такси-компанијата „Ин“ каде што моментно седум жени се возачи на такси. Овие жени велат дека би било добро да бидат барем десет таксистки и во рамките на компанијата да формираат посебна група од возачи-жени. Сметаат дека идејата е атрактивна и ако успеат да направат, како што велат леди-такси, би биле единствени во Македонија, пишува Дневник.

taksistki– Оваа иницијатива сега е во разгледување, а кога ќе се реализира, с` уште не можеме да кажеме. Имаме седум жени, единствени таксистки во Македонија, но треба да се собереме 10 за тоа да профункционира – велат таксистките Валентина Донева (47) и Афродита Стевановска (39).

Таксирањето кај нас се смета за машка работа, а тие како припаднички на понежниот пол велат дека успешно ја работат работата и се рамо до рамо со колегите. Двете професионални возачки сепак чувствуваат дека кај многумина с` уште постои предрасудата дека возач е исклучително машка професија, иако во метрополата жени возеа такси уште пред 20 години, а и во јавниот автобуски превоз расте бројот на жени-возачи. Интересно и е тоа што како муштерии многу ја бараат странците, жените и помладите.

Таксистката Афродита Стевановска на своја кожа ја осетила предрасудата кај мажите дека жените не ги бидува за возење.

– Тоа беше уште првиот месец кога почнав да работам во компанијата, во која сум шест месеци. Дојде еден господин и праша дали е слободно возилото, кое беше празно, односно јас стоев отстрана. Додека да влезам во автомобилот, тој виде дека ќе го вози жена и си замина. Не можев да се изначудам – со смеење раскажува Стевановска.

Целата сторија на – Дневник. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1