Дуле криел од сопругата дека има рак – и самиот дознал само неколку дена пред да почине


За да ја заштити од грижа и тага, Душан Љубисављевиќ – Дуле од сопругата Љупка криел дека е болен од рак на дебелото црево, пишува Вест.

За болеста дознал само неколку дена пред да почине.

dule– Со Дуле бевме да даде крв, во средата, на 18 септември, а почина на 23 септември, во понеделникот. Правеше тумор тестови. Прво не сакаа да му ги направат, немаше сини картони, и до петокот некако средил да дојде до резултатот, со кој открил дека има канцер на дебелото црево. Мене ништо не ми кажа. Им спомнал на неколку пријатели, кои ме известија по неговата смрт. Сите биле предупредени дека не смеат да ми кажат, ги преколнувал.

Не можел да ме гледа како се нервирам. Тие денови плачеше нонстоп. Ќе го прашав: „Погледни ме в очи и кажи ми што размислуваш“, а тој ќе ме погледнеше и велеше: „Плачам од среќа, многу сум среќен со тебе и со Илијана. Ова ми е најубавиот дел од мојот живот. Првпат почувствував што е семејство“, раскажува Љупка за последните денови од заеднич-киот живот со Дуле, кој на Клиниката за токсикологија во Скопје, со висока температура, беше примен доцна вечерта на 21 септември.

Повеќе на – Вест.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1