Со мајонез може да отстрануваат дамки од гардеробата, да се чисти, лекува изгореници од сонце…


Ладниот мајонез може да помогне кај изгореници од сонце. Со нанесување на делот од кожата кој поцрвенел. мајонезот на кожата ќе и ја даде потребната влага, што ќе ја намали болката и ќе ги излечи изгорениците.

majonez-gАко некаде на гардеробата имате дамка од катран, мајонезот ќе го омекне катранот кој после тоа лесно може да го отстраните. Доволно е на дамката да ставите малку мајонез, да оставете да отстои неколку минути и потоа да го избришете.

Мајонезот во себе содржи совршена комбинација на масло и хранливи протеини кои се потребни да ја обноват оштетената и сува коса. После миење на косата, на краевите нанесете мајонез, оставете да отстои еден час и потоа измијте.

Доколку имате цвеќе во куќата, пробајте го овој стар трик. Со марамче или хартија на кое ќе ставите мајонез премачајте ги листовите од растението, така ќе му дадете сјај.

Со помош на оваа намирница можете да ги негувате и ноктите. Со текот на времето, ставајте ги врвовите на прстите во мајонез и држете ги така 5 минути. После овој начин ќе ги зајанете ноктите.

Тенкиот слој на мајонез кој ќе го нанесте на кожата на главата и ќе го оставите преку ноќ, ќе ви помогне да се ослободите од досадните вошки, без употреба на хемиски препарати. Сепак, мајонезот не делува на гнидите.

Ако ве нервира вратата кој чкрпи, еве како брзо да го решите проблемот. Нанесете малку мајонез на и уживајте во тишината.

Пукнатините кои со текот на времето се појавуват на дрвениот мебел, невозможно е да се избегнат. За да го решите овој проблем, дупките и пукнатините исполнете ги со мајонез и пред да ги изчистите, оставете да отстои неколку дена. Поради комбинација на маслото и протеините кои се наоѓаат во оваа намирница, дрвото ќе почне да се “дува” и на тој начин ќе ги затвори пукнатините.

Interesno.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1