Скопје ќе зајми полицајци од други градови


По акцијата за контрола за присуство на алкохол кај возачите викендов во Скопје, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека поради недостигот од локални, во Скопје ќе има полицајци од други градови.

– Скопје има проблем со многу мал број полициски службеници, меѓутоа направивме планови. Имаме колеги од други градови коишто ќе работат овде. Смислата е да имаме континуитет во сите овие активности што ги преземаме, не само во смисла на контрола за присуство на алкохол или прекумерна брзина, туку генерално на почитување на сообраќајните правила и прописи целодневно и континуирано тоа да го правиме и во рамките на градот Скопје и во рамките на сите други сектори за внатрешни работи во Република Македонија – рече министерот Спасовски.

Целта на овие активности, според министерот, е да се придонесе за поголемо ниво на сообраќајна култура и намалување на сообраќајните прекршоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1