Скопје лежи на процеп длабок двесте метри – Кои згради ќе се срушат први при земјотрес? (Видео)


Скопје лежи на процеп длабок двесте метри – Кои згради први ќе се срушат при земјотрес? Ќе се тресе ли Скопје повторно скоро, треба ли да стравуваме од нов силен земјотрес????zemjotres-procep

Евентуален силен земјотрес во главниот град може да направи голем неред во централното градско подрачје во близина на Старата железничка станица, а со иста судбина би завршиле и населбите Карпош и Влае. Ова го тврди студијата на пензионираниот професор на Градежниот факултет, Апостол Поцески, чии испитувања покажале дека силниот земјотрес би ги срушил и висококатниците во населбите Аеродром, Ново Лисиче и Кисела Вода. Според неговите истражувања, главниот град главно лежи на нестабилна почва со големи разлики во длабочината на земјата, а тоа всушност претставува главен фактор што предизвикува несакани последици.

Како што е објаснето во студијата „Ефектот на почвата од скопскиот земјотрес во 1963 година“, испитувањата на земјата под главниот град покажале дека најголеми оштетувања тогаш имале објектите што биле изградени врз голем процеп длабок околу 200 метри, што се протега од населбата Кисела Вода до реката Лепенец.

– Процепот минува низ делот кај Чешма во Кисела Вода, па преку улицата пред Старата железничка станица продолжува до поранешниот плоштад „Слобода“ кај Домот на градежници. Потоа, преку улицата Ленинова продолжува на булеварот Партизански одреди, па кај полициската станица во Карпош, преку Влае завршува кај реката Лепенец – стои во студијата на Поцески.

Во материјалот се вели дека Скопската Котлина е пресечена со многу процепи, но овој е најстрашен затоа што минува токму низ центарот на градот.

Од Државниот завод за статистика, пак, потврдуваат дека територијата на нашата земја претставува трусно подрачје на кое секоја година се случуваат земјотреси со просечен интензитет во епицентарот од 4 степени според Европската макросеизмичка скала.

Во последниот официјален извештај што ги мери земјотресите што се случиле во изминативе 25 години, се вели дека на целата територија на Македонија биле забележани повеќе од 20 со интензитет околу 6 степени, како и три со интензитет поголем од 7 степени според Европската микросеизмичка скала.

Каде живеете во Скопје – Низ центарот на градот има процеп длабок 200 м – велат овие згради први ќе страдале при земјотрес. Дали е тоа точно… Деталите гледајте ги во Досие земјотрес – со Анита Петровска Рајковиќ

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1