Скопје се поплави – Циклонот „Талија“ се движи кон штипско


Силното невреме, проследено со дожд, град и грмотевици, кое во текот на денешниот ден беше најизразено во околината на Скопје се движи кон југозапад, осносно кон светиниколско и штипско.

Меѓутоа интензитетот на невремето полека се намалува и не се очекува да има обилни врнежи или појава на град, велат од УХМР во изјава за Курир.

Оттаму велат дека околината на Скопје денес била најпогодена од циклонот „Талија“, како и околината на Свети Николе каде во моментов се уште врне и има појава на електрични празнења, проследени со силен ветер.82CE9D28C7FAB543813FFF6E8B35414A

Од невремето било зафатено и подрачјето на Велес, а во Скопје брзината на ветерот достигнала и до 80 километри на час.

-Во моментов поради невремето нема струја на радарот на метеоролошката станица Ѓуриште и неможеме да излеземе со подетални информации за тоа каква е состојбата во тој дел од Македонија, посочија од УХМР.

Во текот на ноќта, како што посочија од УХМР, ќе продолжи нестабилното време со повремени врнежи кои локално ќе бидат поројни со силен ветер и електрични празнења.

Во текот на утрешниот ден повторно се очекуваат поројни дождови, ветер, грмежи и појава на изолиран град, но, сепак, како што потврдија од УХМР, интензитетот на циклонот „Талија“ се намалува.

-Нестабилното време во Македонија ќе се задржи се средината на следната недела, а најизразено ќе биде југот од земјата, посочија од УХМР во изјава за Курир.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1