Циклонот Талија ја зема првата жртва во Словенија – вондредна состојба во БиХ и Хрватска


Циклонот „Талија“  го растура балканот а денеска ја зема и првата жртва. Во Словенија едно лице загинало во несреќа предизвикана од поројните дождови, а друго лице се смета за исчезнато. Од поплавите е зафатен поголем дел од источниот и централниот дел на Словенија.Slovenia Floods

 Состојбата со поплавите предизвикани од поројните дождови во Босна и Херцеговина и Хрватска продолжува да се влошува а заради опасноста од водената стихија, во повеќе населени места, властите прогласија и вонредна состојба.
Во Хрватска, најкритична е ситуацијата во градот Карловац. Властите апелираа до жителите на најзагрозените населби да ги послушаат апелите за евакуација и да не се обидуваат заштита да најдат на повисоките катови на своите куќи.

И Скопје не одолеа на циклонот Талија. Бурата која во попладневните часови го зафати главниот град, поплави повеќе улици и предизвика застој во сообраќајот. Критично беше на булеварот под Стоковната куќа „ Мост“, каде полицијата од безбедносни причини го забрани движењето во правецот од Центар кон Бит пазар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1