Скопје: Се скарал со мајка му, па ја запалил куќата во која биле жена му и ќерката


СВР Скопје поднесе кривична пријава против 37 годишниот С.Б. од Скопје за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.pozarnikarot-gasi

 

На 5 септември околу 22 часот во семејната куќа на улица „Финска“ во населбата Ченто, пријавениот кој бил под дејство на алкохол, по претходна расправија со мајка му, со запалива течност и отворен оган предизвикал пожар во куќата во која се наоѓале неговата сопруга и неговата ќерка.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1