Вчера во 13.40 часот во СВР Скопје, Б.Б. пријавил дека во када во куќата на улица „Раде Јовчевски Корчагин“ ги пронашол починати неговите баба и дедо Ј.В.(74) и Г.В.(76).
Според пријавителот, тие најверојатно починале од струен удар.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.