Според истражувањата на универзитетот од Хаваи, животот во Скопје во 2049 ќе биде невозможен заради астрономско високите температури кои ќе го зафатат целото поднебје.
Презагадена ќе биде и Подгорица, каде условите за живот ќе бидат невозможни во 2048, следи нашиот главен град, потоа Љубљана, Сараево и Загреб, за на крајот во 2054 и Белград да стане град без луѓе.
Ефектот на стаклена градина, предизвикан од емитувањето на штетни гасови во атмосферата ќе предизвикаат средната годишна температура во регионов да изнесува помеѓу 45 и 50 целзиусови степени, што е за 32 до 38 степени повисока од средната температура во досега најжешката година во историјата, 2005.
-Овие климатски промени ќе не натераат да го смениме местото на живеење, бидејќи веќе не ќе можеме да ја поднесеме климата. Ќе биде неподносливо за луѓето но и за бројни животински видови, па стотици милиони луѓе буквално ќе побегнат од жешката клима која не чека, па животот во цели региони ќе биде истребен. Дури и кога денеска би постоела политичка воља драматично да се намали емисијата на штетни гасови, жешката „апокалипса“ ви вил одложена на само 30 години, изјавува шефот на истражувачкиот тима од Хаваи Камило за Ен Би Си.