Македонија ќе си ги бара назад украдените икони од Албанија


Македонија ќе бара од Албанија сите украдени икони кои беа откриени во полициската акција во Тирана да бидат вратени назад, бидејќи станува збор за национално богатство. Но се уште немаат прецизна бројка колку икони најдени во Тирана потекнуваат од Македонија.

sv petka ikonaАлбанската полиција во три стана во Тирана откри 1.077 икони и уапси две лица, Арбен Спахо (42) и Ѓерѓи Тими (51). Според првичните информации на албанската полиција двајцата уапсени ги складирале украдените икони кои потоа требало да завршат на продажба на црните пазари во Хрватска, Грција и Србија.

Досега потврдено е дека  седум икони се украдени од цркви во Македонија. Станува збор за престолните икони на Богородица, Исус Христос и Свети Никола од црквата Свети Никола” во селото Радожда, иконата на светецот Атанасиј Велики во црквата во селото Буринец, две престолни икони на Исус Христос и Богородица од црквата во Селци, како и икона од Исус Христос во селото Модрич.

Преку Интерпол се трага по 113 икони украдени од црквите во нашата земја кои имаат непроценлива вредност и се национално богатство.

Од почетокот на годинава настрадаа преку дваесет цркви во струшкиот и во гостиварскиот кра. Украдени беа вредни икони на Дичо Зограф  од црквата “Воведение на Пресвета Богородица-Света Пречиста” во дебарското село Долно Мелничани. Од црквата Свети Петар и Павле во Тресонче беа украдени 32 икони стари и до 500 години. Од храмот “Успение на Пресвета Богородица” во струшко Модрич однесоа шест икони.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1