Осветлението на објектите од проектот „Скопје 2014“ е номинирано за наградата , и тоа во конкуренција со Лион од Франција, Толедо од Шпанија, Пула од Хрватска, Сеул од Kина и други. Може да гласа секој граѓанин на веб-страницата www.peoplechoiceaward.eu.
Станува збор за награда востановена од компанијата „Филипс“ и Меѓународната заедница за урбано осветлување – Luci. Вчера попладне, за осветлението во Скопје гласале 2.251 луѓе, со што македонската метрополата беше на прво место, а Пула на второ со 1.526 гласа.
Kако што пишува во објаснувањето на веб-страницата, номинирани се оние градови кои придонесуваат за хуманизација на урбаниот простор и истражуваат нови начини за максимизирање на одржливоста и живоста во градот.
Според организаторите, новата светлина го вратила идентитетот на центарот на Скопје, кој бил изгубен по земјотресот во 1963 година.
Еве каде и како да гласате
ГЛАСАЈТЕ: Скопје во трка за најдобро осветлен град во светот