Скопската обиколница пуштена за сообраќај во двата правца


Обиколницата Скопје која беше затворена по невремето од саботата, попладнево од 17.55 часот е пуштена за сообраќај во двата правца, соопшти Автомотосојузот на Македонија.obikolnica.jpg-500

АМСМ информира дека има делови од коловозот кои се оштетени и таму се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1