Бит-пазар за една година ќе добие современ изглед, кој ќе овозможи подобри услови за работа и место за повеќе тезги. Гужвата со паркираните автомобили ќе се решава со монтажниот паркинг кој ќе се наоѓа над пазарот, а ќе биде со капацитет од 240 возила.
Новиот објект ќе се простира на површина од 10.000 метри квадратни.
Од здружението на пазарџии се задоволни од одлуката за спроведување на проектот за надградба на пазарот, со кој би се отстраниле тешките и нехигиенски услови за работа.
Во периодот од 6-ти до 19-ти август се одвива јавна анкета преку која граѓаните ќе даваат свои предлози или забелешки за новото идејно решение.
Почетокот на реконструкцијата на пазарот е предвиден за октомври, а изградбата треба да заврши во рок од една годна. Како дополнително решение на проблемот со паркирањето на граѓаните кои ќе одлучат да пазаруваат од Бит-пазар, предвидена е изградба на нова катна гаража која ќе се наоѓа веднаш до Албанскиот театар.