Сопственик на фирма што работи во кругот на Железара, вчера бил нападнат од неколкумина работници, јавува Прес 24.
Според информациите до кои стигна Прес24, газдата пријавил дека работниците го нападнале пред капијата од фирмата.
Според него, бесните вработени го оштетиле неговото „Порше“. Полицијата работи на расчистување на случајот.