Скопскиот муфтија разрешен, ИВЗ му даде доверба на Реисот


Ријасетот на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Република Македонија на редовна седница ја потврдил довербата за реисот и го разрешил скопскиот муфтија, кој пак чекаше извинување од поглаварот на ИВЗ.

На седницата, соопшти денеска ИВЗ, „Ријасетот ја потврди довербата на Реисул-Улема на ИВЗ, со што уште еднаш се потврди и тоа дека неговиот легитимитет за управување со ИВЗ никогаш не бил оспоруван. Потврдена е и довербата на сите функционери на органите, образовните институции и здруженијата кои се во склоп на ИВЗ во РМ“.ivz djamii redjepi sulejman

Денеска Реисот го разреши скопскиот муфтија, како и секретарот на скопското муфтиство со кого беа во конфронтација, и ги премести во медресата Иса Бег. Разрешен е и генералниот секретар на ИВЗ

„Реисул-Улема х. Сулејман еф. Реџепи врз основа на член 43 од Уставот на ИВЗ во РМ, склучено со денешен ден, му ја повлекува Мураселето на Скопскиот Муфтија Ибрахим еф. Шабани кој се трансферира како професор во Иса Бег Медреса. Оваа одлука беше подржана од страна на Ријасетот на ИВЗ во РМ, стои во соопштението и се додава дека Скопското Муфтиство во рок од 30 дена, почнувајќи од денеска, се обврзува да предложи нови можни кандидати за нов Муфтија за Скопското Муфтиство.

На седницата Африм Таири се разрешува од функција генерален Секретар на ИВЗ во РМ, и се поставува на неговата поранешна функција, секретар на Здружение ИЛМИЈЕ. Врз основа на член 43 Секретарот на Скопското Муфтиство Скендер Бузаку се разрешува од функција Секретар на Скопско Муфтиство и ситиот се трансферира како воспитувач при Иса Бегова Медреса„, соопшти денеска ИВЗ во РМ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1