Поради обилните врнежи на снег во моментов неколку автобуски линии на ЈСП функционираат со скратена траса: 11 (до пругата во Ѓорче Петров), 47-а (до обиколница), 51 (до мостот пред село Моране), 56 (до Расадник), 58 (до Кисела Вода), 58-а (до Кисела Вода), 60 (до с. Глумово), 61 (до каменолом), 64 (до Волково), 65 (до Црешево), 70 (мост кај Батинци), 74 (до Долно Количани), 81 (до Чучер Сандево), додека автобусот кој сообраќа од Транспортниот центар до Средно Водно е целосно прекината.
Град Скопје потсетува дека во надлежност на Градот се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините.
-Екипите на градската зимска служба ќе ја следат состојбата и ќе реагираат согласно со условите на теренот. Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, се вели во соопштението.