Слаб снег попладнево провејува во Маврово, на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка, но не се задржува на коловозот, информираат од јавното претпријатие „Македонија пат“.
Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
– Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од јавното претпријатие.
Во Кичевско падна првиот снег годинава, но засега тој не создава проблеми во одвивањето на сообраќајот во градското подрачје и во повисоките рурални средини. На сите планини со надморска височина над 600 метри има снежна покривка од неколку сантиметри.