Основачот на компанијата „Епл“ Стив Џобс, верувал дека во минатиот живот бил пилот од Втората светска војна, откри неговата поранешна девојка, Крисан Бренан во книгата „ “The Bite In The Apple: A Memoir Of My Life With Steve Jobs” Мајката на ќерките на Џобс додаде дека неговиот успех го променил и го претворил во демон.
Крисан Бренан се запознала со Стив Џобс во 1972 година во факултетските денови. Тие се забавувале пет години. Живееле со пријателите Даниел Коткеом, кој бил комјутерски инжинер и еден од првите кои биле вработени во извршната власт на „Епл“. Тие раскинале на крајот од 1977 година, кога Крисан забременила, а подоцна ја родила ќерката Лиза.
Тој плаќал 500 долари месечно за алиментација, но во почетокот на осумдесетите години за „Тајм“ изјавила дека 28% од мажите во САД би можеле да бидат татко на Лиза. Денеска Крисиан Бренан е графички дизајнер, а нејзината ќерка е новинар со одреден степен на Харвард. Авторката на книгата вели дека ноќите покрај Џобс за време на студиите биле толку возбудливи, што неколку децении подоцна се потсетува колку била осамена. Очигледно се сеќавал и самиот основач на „Епл“, кој продолжил да контактира со Крисан дури и во периодот кога бил во брак со Лорен Пауел во 1991 година, со која имал и три деца.
Крисан вели дека Џобс бил неподнослив кој почнал да конзумира ЛСД и додава дека тој често имал фантазии за нејзиниот минат живот. Како што растел успехот на „Епл“, така тој се повеќе станувал се посебичен.
За Стив „Епл“ не бил авион за полетување, туку ракета која се движела со брзо темпо и која почнала да излегува од атмосферата. „Тој се промени“ рекла авторката на книгата. Таа откри дека Џобс бил резервиран кога станувало збор за прикажување на чувствата.
„Живеевме релативно добро. Одевме на вечери, но не бевме во можност да постигнеме емоционална интимност. Во нашите односи постојано имаше подеми и падови, кои беа екстремни. Работеше како манијак и се сметаше себеси за најмрзеливиот човек на светот. Беше оптоварен“, вели Крисан. Неговата поранешна девојка го окарактеризира како гениј кој од сите останати барал посветеност, а се истресувал на оние кои тоа не можеле да го обезбедат. „Како негова девојка, на сопствена кожа искусив кога ќе се сврти против некого. Сватив дека границата меѓу фантастичното и ужасното кај него е доста тенка“, напишала Крисан.