Марк Твејн
Беше и засекогаш ќе остане еден од најпопуларните писатели на сите времиња, но ретко кој знае дека тој си ја предвидел сопствената смрт.
Тој е роден во 1835 година, годината кога Халеевата комета беше видлива на Земјата. Твејн на шега рекол дека сака да доживее да ја види кометата, која се појавува на секои 76 години, додавајќи дека следниот пат кога таа ќе замине, сака и тој да замине со неа.
Верувале или не, следниот пат кога се појавила Халеевата комета на 20 април 1910 година, Марк Твјен починал следниот ден, односно на 21 април 1910 година.
Вилијам Томас Стид
Вилијам Томас Стид бил автор на романот „Потонувањето на еден модерен брод“, каде пишува за модерен и луксузен брод којшто потонал заедно со голем број патници кои биле на него.
Романот го напишал во 1886 година, а како причина за несреќата, тој го наведува малиот број на чамци за спасување.
Во 1912 година, потона Титаник заедно со 1.500 патници и членови на екипажот, од причини кои на сите ни се познати – недостаток на чамци за спасување.
Помеѓу патниците кои потонале со Титаник бил и Вилијам Томас Стид.
Френк Пасторе
Тој беше радиоводител којшто водеше радио емисија со христијанска содржина.
На 19 ноември 2012 година тој со слушателите разговарал на тема бесмртност на душата, но и за возење мотори.
-Знаете дека возам мотор, нели? Кога ќе ми пресече пат некој идиот и ќе влезе во моја лента, се плашам дека ќе ме смачка на автопатот 210, рекол Паторе во емисијата.
Три часа по оваа изјава, Пасторе го возел својот мотор на автопатот 210, а една 56-годишна жена со хонда соната му го пресекла патот и го удрила. Пасторе паднал на автопатот и се здобил со сериозни повреди на главата. Починал еден месец подоцна, а цело време бил во кома.
Kurir