Рецепти за – Славска посна погача


Состојки

  • DSCN3514-2a8d1d-300x300За тесто
  • 1кг. брашно
  • 1 пресен квасец (претходно зафатен со 1 к.л. шеќер, 2-3 с.л. брашно и топла вода, за да се добие густа кашеста маса)
  • 1 супена лажица винска киселина
  • 1 супена лажица сол
  • 3 супени лажици шеќер
  • 100мл. масло
  • топла вода по потреба
  • За премачкување
  • 125гр. маргарин (за внатре) и малку за после печење
  • малку топла вода (за пред печење)
  • сусам, сончоглед или семки по желба

Подготовка

DSCN3382-ae8219-300x300Од сите наведени состојки за тесто се замесува средно – меко тесто ( со додавање на вода по потреба). Се меси убаво тестото, се додека не почни да се одвојува од ѕидовите на садот во кој месиме и не се лепи за раце, некои 15 мин..

Да биде толку убаво измесено, што да ни е мерак да го гледаме тестото, така си велам јас. Премачкуваме со масло, покриваме со најлонска фолија, ставаме и некоја памучна ткаенина (за да му биде потопло на тестото) оставаме на топло место се додека не го дуплира волуменот. Некаде околу 1 час.

Потоа без да премесуваме од тестото сечиме 1/4. Ја работиме, на тој начин што формираме топка, па ја отвараме во кора и премачкуваме со 1/10 од половината (125гр.) маргарин. Го роловаме и виткаме во полжавче.

Одма го пресукуваме и отвораме кора која ќе ја ставиме во намрсено и набрашнето тепсивче бр.28, но не мора цело дно да го прекрива.

Другиот дел од тестото го делиме на 9 дела.

DSCN3407-08f9fa-300x300Од секој формираме топка. Ја отвораме во облик на јазик, премачкуваме со делче од маргаринот, кој ни е поделен на 10 дела. Роловаме и го испреплетуваме (се гледа на фотографиите). Во круг во тепсивчето ги редиме деловите.

Пред да го ставиме 9иот, централниот,  кората на дното што ја поставивме ја засекуваме на 8 дела и ги отвораме кон надвор, т.е. над секој дел.

Во празнината го ставаме последниот дел.

Обликованата погача ја оставаме повторно да го дуплира волуменот (на истиот начин, како погоре што опишав, но овој пат не ја премачкуваме со масло и не ставаме најлонска фолија), некаде 45мин.

Пред печење ја премачкуваме со малку топла вода и наросуваме со семки. Можи да посолиме и со ситна сол.

Ставаме да се пече на 200Ц.степени (во претходно загреана рерна) околу 1 час.

DSCN3433-fcc914-300x300

Печењето е подолго од печење на обично лебче, заради маргаринот, по потреба се покрива со алу фолија за да не подгори.

После печење премачкуваме со малку маргарин.

Ја оставаме извесно време покриена со памучна ткаенина и најлонска кеса во тепсијата, а потоа ја вадиме и убаво завиткуваме во ткаенината, па во најлонската кеса и оставаме целосно да се излади…

*Една напомена

Кога ќе се стави погачата да се пече, одоздола ставете еден плех, бидејќи можи да капни некоја капка од маргаринот и да замириса на изгорено.

После 15 мин. извадете и продолжете со печење. Ако се пече во тенџере, нема потреба. Првите 15 мин. не е препорачливо отворање на рерната, за да не спадне тестото.

Славска погача 2

Состојки

  • 250 мл вода
  • 250 мл млеко
  • 20 гр свеж квасец
  • 2 јајца
  • една лаж. сол
  • 1 кг брашно
  • по желба/потреба прехрамбени бои за украсите

Подготовка

CIMG2387-800x600Со оваа погача сакам да ви дадам само една (од многуте) идеи како може да се припреми славска погача. Ни предстојат многу празници, би било убаво да се дочекаат на потрадиционален начин и да се најде една ваква погача на нашата трпеза.

Од сите состојки се замесува средно тесто, нешто слично како кога замесуваме леб. Одкако ќе надојди се дели на едно големо парче тесто кое ќе биде на средина во погачата. Околу него се паравт осум помали топчиња и се редат околу големото.

Од преостанатото тесто правиме две долги ленти, ги сукаме со рака и ги плетиме, ги ставаме околу малите топчиња. Фигурите во зависност од моменталната инспирација така и ги правиме. Симболично ставав фигури кои ќе означат здравје, плодност, љубов и мир. Се прават од брашно сол и вода, додадов и прехрамбена боја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1