Источна Африка, Блискиот Исток и регионот на Централна Азија што се протега источно до Индија и северно до делови од јужна Русија би требало да имаат спектакуларен поглед кон таканаречената крвава месечина.
Набљудувачите во нешто поголем дел од планетата, вклучувајќи ги и Кина и Јужна Америка, можеби ќе го ѕирнат затемнувањето додека Месечината изгрева или заоѓа.
За жал, милијарди луѓе низ другите делови од планетата, кои во тоа време нема да бидат свртени кон месечината, ќе го пропуштат астрономскиот настан.
Но ако сте во дел од светот од кој нема директен поглед кон затемнувањето (или би имале добар поглед, ама ви е облачно), пак имате неколку опции, меѓу кои е и ова видео на кое Институтот за астрофизика на Канарските Острови ќе го емитува настанот во живо.