Последниот ден од септември ќе биде празник за љубителите на астрономските појави, најавуваат научниците, бидејќи на небото ќе се појави црна месечина, ретка појава која не се случила од март 2014 година.
Изразот „Црна месечина“ има неколку дефиниции, но најпознатата вели дека тоа е втора млада месечина во ист календарски месец. Оваа појава е слична како „Сина месечина“, односно кога ќе се јави втора полна месечина во еден календарски месец.
Бидејќи е млада месечина, нема да биде видлива, бидејќи осветлената страна на месечината ќе биде завртена на спротивната страна во однос на земјата.
-Ова ќе биде втора млада месечина во Америка, но не и во Европа, вели астрономот Боб Берман, бидејќи новата млада месечина ќе се појави во 20.11 часот на 30 септември, кога на источната хемисфера веќе ќе биде октомври. Но, и на источната половина на земјата ќе се случи истата појава, но кон крајот на октомври, некаде околу Ноќта на вештерките.
Друг тип на црна месечина е кога во целиот календарски месец нема да се појави ниту една млада месечина. Тоа единствено може да се случи во февруари, на пет или десет години. Многу теоретичари на заговор сметаат дека ова има врска со апокалипса и второто доаѓање на спасителот.
Иако феноменот се случува често, еднаш на 32 месеци, овој кој ќе се случи в петок има специјално значење поради нешто сосема друго.
Првиот ден од септември донесе огнен прстен – месечината беше во иста рамнина со Земјата, додека Сонцето е над Африка, па изгледаше дека Сонцето потемнело. Тоа, заедно со претстојната појава на црна месечина кај многумина буди страв и е причина за загриженост.
-Овие значи упатуваат на тоа дека Исус доаѓа. Се приближуваме до крајот на нашиот свет и до крајот на целокупниот живот на Земјата, пишува во една теорија на заговор, што не е случајно ако се поврзе со Библијата, каде што всушност некои заговорниците наоѓаат оправдување за своите небулози. Во Книгата на Матеј глава 24:29 :
„Веднаш по искушението тие денови Сонцето ќе потемни, а Месечината ќе свети, ѕвезди ќе паѓаат од небото, силите на небото ќе бидат вознемирени“.
Научниците, секако, ги отфрлаат овие тврдења и велат дека животот на Земјата ќе си продолжи како и досега.