Следните 48 часа ќе беснее циклонот Глорија – носи многу дожд и громови


Во следните 48 часа циклонот Глорија ќе условува многу нестабилно време над нашата територија па така времето ќе биде променливо и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, стои во анализата на Славчо Поповски.

Локално процесите ќе бидат застапени во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Денес (втоник) доцна попладне, навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден (среда) повеќе услови за вакви појави ќе има во северната и во источната половина на државава додека утре (среда) особено доцна попладне и навечер во југозападните и западните предели од државава.

НАПОМЕНА: Во текот на следните 48 часа локално особено во источната, северната како и во западната половина од државава се очекува да наврне значително количество на воден талог (над 20, 30 л/м2) па токму поради тоа добро е да се предупреди на локални поројни поплави.

Во случај на појава на електрични празнења и силен ветер на граѓаните ги советуваме да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја и да внимаваат каде се движат во случај на појава на силен ветер и каде ги ставаат своите автомобили (односно истите да не бидат во близина на дрвја).

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1