емпературите паѓаат а следуваат и врнежи од дожд и силен ветер. Од утре ќе има повеќе сончеви периоди, а ветерот ќе го промени правецот во јужен.
Во петок под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има врнежи од дожд, особено доцна попладне и во текот на ноќта кон сабота, кога на места ќе бидат пообилни.
За време на викендот ќе преовладува стабилно време, во сабота релативно свежо, а од недела со благ пораст на температурите.