Следуваат тропски денови… Од утре температури до 38 степени


Во Македонија во вторник ќе биде претежно сончево и многу топло. Попладне можност за локални врнежи од дожд ќе има во крајните западни предели. Можна е појава на град. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 28 односно до 37 степени. УВ индекс 8.

SunВо Скопје во вторник ќе биде претежно сончево и многу топло. Ке дува слаб ветер. Утринската температура од 17°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 34°C. УВ индекс 8.

Во среда тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 13°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 29°C до 38°C. УВ индекс 8.

И во четврток во Македонија тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 13°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 29°C односно до 38°C. УВ индекс 8.

Weather4all

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1