Продолжениот викенд по повод велигденските празници беше можност за одмор и време со семејството. Но, дури уште три наредни празници овозможуваат продолѓжени викенди.
Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија е Денот на трудот, 1 Мај, кој годинава се паѓа во петок, што значи уште еден продолжен викенд.
Со оглед дека неработниот 24 мај „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е в недела, неработен ќе биде и 25 мај (понеделник), што значи уште еден подолжен викенд во мај за сите граѓани на Македонија.
По три дена работа, православните верници добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај кога е Духовден.