На аџиите им била измерена температурата а направена е и епидемиолошка анкета за евентуални контакти со заболени. Сите добија решение за здравствен надзор со кој се обврзани во период од 7 дена секој ден да се јавуваат во Центрите за јавно здравје во градот каде живеат.
Денеска претпладне треба да слета уште еден авион со аџии.
Претходно по сувоземен пат, на Деве Баир поминаа 542 патника кои се враќаат од Мека. И во автобусите и во авионите со нив патува и лекар кој ја следи нивната здравствена состојба и за било какви промени ги известува службите во Скопје. Покрај ебола истите ги проверуваат и за маларија, колера и МЕРС.