СЛОБОДА ЗА ДЕДО ЉУБЕ: Ќе најдете адвокат да ве вади од затвор, но никој да ве вади од гробишта


Херојската приказна на дедо Љубе ги обедини сите зад една цел: Слобода за дедо Љубе!

Актерот Тони Михајловски, аналитичарот Александар Пандов и новинарот Миленко Неделковски го посетија дедо Љубе (75) и ја изразија нивната поддршка.sloboda za dedo ljube

Дедо Љубе е ведар човек, вистински Македонец и покрај сите неволји кои ги поминал се уште не го изгубил ведриот дух, добрината и топлината, сведочат тие.

Оваа иницијатива, како што подвлече Михајловски е иницијатива која е над сите полички случувања во Македонија, чија крајна цел треба да биде ослободување на дедо Љубе и доколку е можно промена на Законот за поседување на огнено оружје во случај на самоодбрана.

-Во таа насока ќе цитирам еден белградски адвокат кој вели: „ Доколку некој ви влезе во вашиот двор и ве нападне убијте го, затоа што ќе најдете адвокат кој ќе ве извади од затвор, но никако нема да најдете адвокат кој ќе ве извади од гробишта.“ Се надевам дека ќе ова ќе има позитивен резултат и дека дедо Љубе ќе ја добие заслужената слобода, подвлече актерот Тони Михајловски.

-Идејата е следна, јас Тони Михајловски и Миленко Неделковски да побараме прием кај претседателот на државата, кај претседателот на Собранието и кај Јавниот обвинител и да ги охрабриме да направат се’ за ослободување на дедо Љубе. Многу пати до сега овие институции покажале дека имаат сенс за гласот на народот. Мислам дека не постои човек во Македонија кој што не го има тоа чувство дека дедо Љубе треба да биде слободен, потенцираше Александар Пандов.

Kurir.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1