Словачка: Кој нема да се тестира оди во карантин до 14 ноември


Граѓаните на Словачка кои не учествувале во масовно тестирање и немаат негативен ПЦР-тест, мора да останат во изолација до 14 ноември.

На луѓето кои не го поминале тестот им е забрането да одат на работа, но можат да одат во продавници да купуваат основни производи или да ги посетуваат здравствените установи. Од нив се бара да останат дома најмалку 13 дена, иако стандардот за карантин за луѓе позитивни на коронавирус е 10 дена.

Владината канцеларија наведува дека полицискиот час не е ист со карантин и дека тие се две различни институции.

Исклучени од оваа одлука се лица кои во последните три месеци имале Ковид-19 и оние чија здравствена состојба исклучува тестирање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1