Случај Дениза Маркоска: Нема кривично дело


Документацијата од крајбрежната стража и полицијата за случајот со исчезнатата Дениза Маркоска е пристигната во Обвинителството, ќе се разгледа и ќе се проучи, во следниот период, јавува „Канал 5“ повикувајќи се на извори од истрагата која ја водеше крајбрежната полиција.

Изворите велат дека нема ништо ново, освен првичните проценки и сомневања дека во случајот со 23 – годишната Македонка нема криминално дело.denisa brod1

И 10 дена по мистериозното исчезнување, нема информација, што се случило со Дениса, како во петокот на 12 септември во раните утрински часови ја снемало од бродот додека пловел кон Крит. Крајбрежната стража 3 дена трагала по 23 – годишната девојка, но без никаков резултат. Потрагата запрела согласно светските поморски правила.

Полициски извори за „Канал 5“, минатата седмица објаснија дека тоа што бродот е странски, а не грчки, не игра никаква улога во текот на истрагата, а потенцираат дека бил направен разговор со сите патници кои биле на бродот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1