Истрагата во случајот „Пуч“ покажува дека членовите на семејството Верушевски развиле бизнис од специјалноста на екс-разузнувачот. Од комуникацијата со шифрирани пораки меѓу таткото и синот и нивната содржина може да се забележи дека тие бараат материјална корист за услугите што ги нудат. За семејството Верушевски се пишува уште од доаѓањето на разузнaвачот на челната позиција во УБК. анализира МТВ
„Новиот директор на ДБК неодамна си зел 24 плати, а должи и генералски стан на МВР. Со 24 плати го напуштил асистентското место на Факултетот за безбедност и спротивно на законските одредби, на предлог на СДСМ, Владата го назначи за директор во МВР“, пишува во текст објавен во „Вест“ во 2001-та година.
Освен тоа, кога Верушевски бил назначен за прв човек на ДБК, против него имало тужба за злоупотреба на службената положба. Прво успеал да земе двособен, а потоа и четирисобен стан кој се наоѓал во таканаречената генералска зграда во Аеродром. Овој процес немал судски епилог.
Се пишуваше дека Верушевски ја држи во заложништво целата држава додека бил на власт СДСМ, а проблемите му се наталожувале и од неговиот син, Александар. Тогаш го обвинил МВР дека води хајка против него и против неговиот син. Се заканувал дека ако не престане тоа, ќе ги отвори картите и во јавноста ќе каже за многу работи, анализира „Утрински весник“.
„Ги обвини новинарите дека прават конструкции и го злоупотребуваат неговото име. Потоа се премисли, па го прошири списокот на непријатели со мафијашки структури што се занимаваат со шверц со нафта и со цигари“, пишуваше „Утрински“.
Неговата одбрана беше дека син му е добро момче кое било заведено од лошо друштво. Александар Верушевски, зад себе има дебело криминално и судско досие. Другиот син на Верушевски, Горан е во бегство. Осомничен е за педофилија и поседување видео-снимки со малолетни девојчиња. Сопругата на екс- разузнавачот е во притвор. Таа е осомничена во случајот „Пуч“ за дело шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.
МТВ.МК