Слушате чудни звуци, чувствувате присуство, имате чудно претчуство?


Слушате чудни звуци, гледате пред вас слики од духови, чувствувате нечие присуство во собата или чудно чувство на вознемиреност и страв?

DuhBogotaМожеби се работи за инфразвук. Инфразвукот е особено ниска фреквентност помеѓу 1-20Hz. Толку е ниска што луѓето не можат да ја слушнат, но можат да ја почувствуваат. Се претпоставува дека голем дел од популацијата во светот е хиперчувствителна на овие ниски фреквенции.

Ефектите на инфразвукот на човечкото тело може да предизвикаат бизарни ефекти, вклучувајќи гадење, мачнина, чувствто на екстремен страв, вознемиреност и морници. Истражувачите веруваат дека овие ефекти влијаат врз видот на човекот, предизвикувајќи вибрации кај очите. Овие вибрации може да предизвикаат да „гледате“ духови.

Страшниот феномен на природата

Инфразвукот може да биде произведен од страна на голем број различни природни феномени, како што е бурно време, силни ветрови, невообичаени временски услови и некои видови на земјотреси. Животните како што се слоновите исто така користат форма на инфразвуци за да комуницираат на долги релации со другите слонови или како одбранбен механизам против она што го перцепираат како закана.

Дух во машина

Во април 1988 година, магазинот „Journal of the Society for Psychical Research“ објавил статија наречена „Духот во машината“ напишана од Вик Тенди, предавач на Ковентри универзитетот. Во статијата биле опишани искуствата на Тенди со инфразвукот додека работел во медицинска лабораторија.

duhovi-postoje-zvuk-1337423077-101336Неговите колеги се жалеле на чудно застрашувачко чувство и морници во неговата лабораторија. Чистачката дала отказ откако „видела нешто“. Работејќи сам во лабораторијата една вечер, Тенди наеднаш почувствувал како некој да го гледа. Тој тврдел дека фигура во вид на сенка се појавила на работ на неговото око. Кога тој се свртил да се соочи со сенката, таа исчезнала.

Следниот ден, Тенди однел меч во лабораторијата за да го поправи. Кога го стегнал едниот крај на сечилото во менгеме, тоа започнало да вибрира силно. Љубопитен, Тенди започнал да го поместува сечилото низ собата. Сечилото вибрирало силно во центарот на неговата лабораторија, но целосно застанало кога се приближувал кон аглите на собата.

Тенди откри бран од 19Hz во неговата лабораторија. Ѕидовите на лабораторијата предизвикале звучниот бран да се дуплира, произведувајќи максимална енергија во центарот на собата. Тоа било повеќе од доволно за енергијата да започне да вибрира во неговиот меч.

Како што излегло на крајот, изворот на овој бран доаѓал од ново инсталираниот вентилатор на крајот на лабораторијата. Кога вентилот бил исклучен, бранот, и сите тие „застрашувачки“ феномени исчезнувале.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1