Слушнете ги последните зборови на пилотот – очајно барал помош


Пилотот на авионот кој се урна во централниот дел на Колумбија со патниците меѓу кои бил и бразилскиот фудбалски тим, на контролата на летот им рекол дека останал без гориво пред кобниот пад во Андите, јавуваат агенциите повикувајќи се на снимки од разговорите.

Во на моменти хаотичната снимка на контролата на летање, може да се слушне како пилотот пред да падне авионот го повторува барањето да слета поради целосно откажување на електрониката и немање гориво.pilot-brazil-avion

Се слуша и како контролорката за летање му дава инструкции додека авионот ја губи брзината и висина на околу осум милји оддалеченост од аеродромот во Меделин, родното место на колубискиот крал на кокаинот Пабло Ескобар.

Снимката, која се појави во неколку медиуми во Колумбија, изгледа ја потврдува верзијата на преживеаната стјуардеса и пилот кој летал во близина и кој слушнал очајнички повици за помош на пилотот на авионот. Тоа, како и фактот дека авионот не експлодирал при удар во земјата, укажува дека причина на падот било немањето гориво.

Властите засега избегнуваат да издвојат една причина за падот, кој го преживеаа само шест од 77 луѓе во авионот, а истрагата ќе трае со месеци.

Истражителите претходно изнесоа и теорија дека пилотот Мигел Алехандро Квирог Мураками намерно кружел пред слетувањето во обид да го согори или отфрли горивото и така да избегне експлозија.

И преживеаните патници им рекле на претставниците, дека с еуверени оти авионот останал без гориво неколку минути пред да слета по редоследото на аеродромот Меделин.

Еве го и прилогот на Еј-Би-Си со снимката на зборовите на пилотот, тие се на 00:40!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1